Фудбалскиот клуб Вардар беше третиот најдобар младински тим во изминатата натпреварувачка сезона. Според вкупниот број на освоени бодови на клубовите, кои се натпреваруваа со четири генерации, Вардар го освои третото место, зад екипите на Академија Пандев и Раб0тнички.
Вака изгледа распоредот на екипите во натпреварувачката сезона 2021/22 во најсилната младинска Супер лига.
- Академија Пандев -184
- Работнички -179
- Вардар -177
- Шкендија -171
- Брегалница -154
- Победа -153
- Кул -148
- Македонија Ѓ.П -145
- Пелистер -141
- Шкупи -141
- Њу Старс -114
- Ренова -52
- Скопје -23
- Куманово Еуроспорт -0
Вардар освои три трофеи во младинските натпреварувања, два беа со помладите пионери и еден со младинците.