,,За нов директор на младинските категории во фудбалскиот клуб Вардар е назначен Борче Христов, поранешен играч и тренер во академијата на нашиот клуб. Христов во својата богата кариера бил дел од неколку клубови во Македонија, три години тренер во Карабаг во Азербејџан и четири години спортски директор на академијата на овој клуб.
.
Христов е професор во центарот за едукација на тренери при ФФМ.
Вардаровата школа од секогаш била извор на најдобрите таленти во Македонија и со ангажирањето на искусен и квалитетен фудбалски работник како Борче Христов нашиот клуб покажува дека во иднина сериозен акцент ќе биде ставен на работата со младинските школи.” , велат од ФК Вардар.
.
Инаку, син на Борче e новиот напаѓач на Вардар, Симеон Христов.