Во вечерен термин од 20:15 часот, тимот на РК Вардар ќе биде домаќин на Нексе, на 23.август, во рамките на 1/4 финалето во СЕХА-лигата.
Челните луѓе на СЕХА ги потврдија термините на одигрување на четврт-финалните натпревари. Патниците на завршниот турнир во Задар ќе бидат познати после само еден одигран натпревар, а црвено-црните ќе ја имаат предноста на домашен терен и пред своите навивачи.
Завршниот турнир во Задар ќе се одигра во периодот од 2-4 септември.