ФК Вардар веќе девет дена тренира во Скопје под водство на Бобан Грнчаров, а утре ќе го одигра и првиот контролен дуел и тоа против тимот на ФК Локомотива од Скопје. Овој дуел утре е предвидено да започне од 17 и 30 часот на стадионот во скопската населба Маџари.
Ова ќе биде шанса во Вардар да дебитираат новите имиња, а воедно и тренерскиот тим да ја увиди спремноста на играчите, пред се физичката.
Да напоменеме дека Вардар главните подготовки ќе ги има во Охрид, каде заминува на 26-ти овој месец. Новото првенство треба да стартува нешто пред крајнот на идниот месец. Вардар засега договори пет нови имиња.