Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Вардар го “распукаа гипсот“ совладувајќи ја Ренова со 4-0 во Купот
Младинците на Вардар го “распукаа гипсот“ совладувајќи ја Ренова со 4-0 во Купот

Младинците на Вардар го “распукаа гипсот“ совладувајќи ја Ренова со 4-0 во Купот

Денес на теренот во скопската населбата Aeродром, ФК Вардар – младинци одиграа меч од  осминафиналето во Купот на Република Македонија. Наш противник беше тетовска Ренова. Нашите младинци,  избраниците на Љупчо Марковски – Калц по овој дуел веќе се со една нога во следната фаза. Тие донесоа висока победа во мечот со 4:0.

Дуелот го стартувавме со: Трајчевски, Тодоровски Т. , Ричков, Тодоровски Б, Берат Исмаил, Додевски, Димитровски, Стојчевски, Димков, Најдовски и Беќири.

Првото полувреме не беше ефикасно бидејќи стрелците на двете страни не успеаваа да погодат. Имавме неколку прилики, но сепак на одмор се замина со почетниот резултат 0-0. Во вториот дел младинците на црвено-црните покажаа зашто се шампиони на Македонија и успеаа да ја продолжат низата од победи која ја започнаа од првото коло оваа сезона до денес. Погодивме за 1-0 и отварање на резултатот во овој куп меч преку Најдовски Александар, кој излезе очи во очи со голманот на Ренова и погоди со силен удар со левата нога.  По првиот гол на нашите момци почна да се распаѓа “бункерот“ на гипсарите. Следуваше нов погодок преку Додевски Дарко за 2-0, по што веќе повеќе од јасно беше кој тим ќе го добие овој прв меч во Купот. Тој изведе пенал, откако голманот на гостите кратко ја одби топката, умешно ја искористи приликата и погоди за дуплирање на водството. До крајот успеавме да го дотолчиме противникот целосно и да заминеме со голема “залиха“ во реваншот во Тетово. На сцена стапи Теодор Димитровски кој стрелаше најпрвин за 3-0 со удар од над 16 метри. Потоа истиот играч се обиде од поголема дистанца, погодувајќи од 25 метри ефектно ја запечати судбината на Ренова со неговиот втор гол, а четврти на средбата кога погоди за 4-0 резултат со кој заврши овој меч.

Вардарци покрај овие четири погодоци, треба да се напомене дека создадоа многу шанси, десетина пати имавме убави прилики да стреламе за повисока предност, сепак, искористивме сосема доволно за комотен реванш во Тетово.