Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и минимален пораз за ФК Вардар ген.2010 во детската лига
Победа и минимален пораз за ФК Вардар ген.2010 во детската лига

Победа и минимален пораз за ФК Вардар ген.2010 во детската лига

ФК Вардар генер.2010 денес забележа една победа и еден минимален пораз. Момците на Колев одигаа два дуели во рамки на детската лига. 

2

ФК Вардар (1) лесно се справи со својот ривал, ФШ Грозданоски и го совлада со резултат 4-1. Отворивме преку Матеј Чедевски за 1-0. Потоа голем број вардарци си го пробаа ударот прилики имаа: Марко Јовановски, Петар Васосски, Благојче Седлоски, Далибор Марковиќ и Стефан Ристиќ.  Ниту една од овие прилики за жал не беше претворена во гол, за малку ќе бевме казнети сепак на нашиот гол одлично во финишот брани Лозанов Давид. Доминацијата во првиот период беше тотална, ние бевме тимот кој имаше огромен посед и создаваше безбројни шанси на оваа средба.

3

Во вториот дел започнавме со исто темпо, Ристиќ имаше две големи прилики, а една шанса имаше Матеј Николов.  Конечно почнавме да погодуваме, за 2-0 стрелаше Илиќ Дарио. Се изведуше корна од десната стрна мајсторски силно топката на гол линијата ја упати Матеј Николов, одбранбените играчи на Грозданоски само го потврдија погодокот за високи 3-0 за црвено-црниот тим. Потоа прилика повторно имаше денес активниот Ристиќ, и повторно среќата не го посака. Една топка доби Седлоски Благојче тој мајсторски се ослободи од чуварот и низ нозете на голмалот на противникот погоди ефектно за 4-0. Грозданоски намали во финишот од пенал, како по правило на нашите меѓусебни дуели повторно во нашата мрежа погоди Андреј Симоноски. Тој казнениот удар го претвори во гол за конечни 4-1.

4

Вардар(2) беше совладан од тимот на ФК Кул со минимални 1-2 (1-0). Првиот дел ни припадна на нас ние истиот го завршивме со минимлано водство. Отворивме први со гол на Давид Лозанов кој го отвори резултатот. Две одлични прилики имаше Лука Пацевски, особено втората кога неговата “бомба“ за малку отиде над гредата. Огнен Сивевски ја имаше последната шанса, сепак со 1-0 заминавме на одмор. Можевме да водиме и поубедливо, но не ги искористивме приликите.

5-2

Вториот дел започна со една наша грешка и гол на ривалот за 1-1. Потоа ние се обидовме да ја преземем инцијативата, сепак беше досуден пенал за ФК Кул. Од истиот тие направија пресврт и поведоа со 1-2. Ние до крајот се обидовме да изедначиме преку Петар Васоски и Чедевски Матеј кои шутнаа крај голот, ривалот имаше две прилики кој ги одбрани на нашиот гол Ристиќ.