Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови две победи за вардаровата генер. 2008 во детската лига, совладани екипите на Сарај и Н.Колонија
Нови две победи за вардаровата генер. 2008 во детската лига, совладани екипите на Сарај и Н.Колонија

Нови две победи за вардаровата генер. 2008 во детската лига, совладани екипите на Сарај и Н.Колонија

Генерацијата 2008 на ФК Вардар денес на терените на ФФМ го одигра 2.коло во детската лига, во кое оствари две победи.

Екипата на Вардар (1) за противник го имаше тимот на Сарај кој го совладавме со резултат 6:0. Само една екипа играше на овој меч, а тоа беше нашиот Вардар, кој покрја постигнатите голови имаше уште неколку добри шанси за поубедлив триумф. Прв кој упати директен удар беше Азизи, но голманот на Сарај го одбрани неговиот удар. Првата голема прилика за отварање на резултатот ја имавме преку Стефан Бранковски, кој немаше среќа и ја погоди само пречката од противничкиот гол. Продолживме со офанзивната игра, која донесе резултат, кога Матеј Киш со прекрасен гол му донесе водство на Вардар од 1:0. Во следните минути две прилики имаше и Дамјаноски, но ударите завршуваа покрај голот на Сарај.

1 3

Во секоја измината минута се редеа шанси пред противничкиот гол, а следен кој се најде во прилика беше Трпевски Лука, кој биеше, но голманот на Сарај одбрани, а како прилика ќе го издвоиме и ударот на Бранковски кој оди над голот. После невнимание во одбраната на Сарај, еден од нивните играчи ја вметна топката во својата мрежа, тоа значеше водство за Вардар од 2:0. До крајот на првиот дел ќе ја одбележиме шансата на Блажевски кој бие во добро поставениот голман, како и зголемување на предноста на 3:0, со првиот гол на Стефан Бранковски, резултат со кој се замина на полувреме.

5 4

И во вториот дел момците на Петар Георгиевски беа супериорни на теренот и целосно го надиграа противникот. Оваа генерација на Вардар и на почетокот на оваа сезона игра допадлив фудбал за око, со многу смислени акции и шанси кон противничките голови. Конечно, се обиде и Сарај на стартот на вториот дел, но Грчевски не дозволува гол во неговата мрежа, па го брани ударот. Втора погододена пречка за Вардар на овој меч, овој пат шутираше Азизи, но топката удри во гредата. Сепак Арти Азизи е следниот играч во нашите редови кој се запишува во листата на стрелци, со неговиот гол, црвено-црните веќе имаа убедливи 4:0. Следи нов гол, повторно во противничката мрежа, овој пат дело на Ненад Дамјаноски, за зголемување на 5:0. Во следните минути имавме обиди преку Киш, кој шутира над голот, како и Бранковски, чиј удар го одбрани голманот на Сарај. Следи втор гол зад името на Матеј Киш, кој му донесе предност на Вардар од 6:0, додека последната голема прилика на натпреварот ја имаше Лука Трпевски, кој ја погоди пречката.

До победа стигна и екипата на Вардар (2) која ја совлада Нова Колонија. И на овој меч имавме повеќе од играта и шанси. Марко Шотаровски беше играчот кој ги имаше првите два удари кон противничкиот гол, во првиот шутира крај голот, во вториот одбрани голманот на Н.Колонија. Вардар се обидуваше да го отвори резултатот, се обиде и Бошковски, кој шутира крај голот, додека во следниот обид Коста Бошковски успева да го совлада противничкиот голман и да донесе водство од 1:0. Не траеше долго нашата радост, со оглед дека Н. Колонија успева да врати и да израмни на 1:1, невнимание во нашата одбрана, оставивме играч сам, не казни противникот за израмнување на 1:1. Противникот можеше набрзина и да го сврти резултатот во своја корист, но за наша среќа топката оди крај голот. Сепак до крајот на првиот дел, вардарци успеваат повторно да го вратат водството, откако за 2:1 погоди Илија Митаноски.

Црвено-црните имаа иницијатива и во вториот дел, а Иван Ташовски беше играчот кој имаше прв обид, но одбрани голманот. Од слободен удар се обиде Стефан Марковски, но повторно голманот на Н.Колонија го брани ударот. Избраниците на Георгиевски со два брзи гола успеваат предвреме да го решат победникот на овој меч, и двата за период од три минути ги псотигна Ненад Дамјаноски за високо водство од 4:1. Уште еден гол во мрежата на Н.Колонија, втор гол на мечот и за Коста Бошковски за убедлива предност од 5:1. Претходно во шанса се најде Ташовски, биеше нашиот играч, но голманот со крајни сили ја зафати топката, доволно да заврши во пречката. Хет-трик за Коста Бошковски, гол со кој ги поставивме конечните 6:1 на овој натпревар.