Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Момците на Зенга со фуриозен старт, пионерите на Вардар го „прегазија“ РК Алушовски
Момците на Зенга со фуриозен старт, пионерите на Вардар го „прегазија“ РК Алушовски

Момците на Зенга со фуриозен старт, пионерите на Вардар го „прегазија“ РК Алушовски

Пионерите на РК Вардар со убедлива победа ја отворија новата сезона во пионерската конкуненција. Тие денес во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа екипата на РК Алушевски со високи 31-13 (16-7).

5

На самиот почеток отворивме одлично, во одбраната одигравме на ниво, ривалот неуспеваше да го совлада Колевски ние во напад погодувавме. Отворивме со серија 6-0, противникот имаше мал период во кој успеа да биде подобар. Тој намали на 7-3 со мини серија 1-3 во продолжение. Колевски забележа две одбрани во напад погодија Спасовски, Петрушевски и Трајановски за високи 10-3 во 13.минута од дуелот. Имавме под контола се на оваа средба, ние бевме тимот кој го диктираше темпото. На пауза заминавме со двет гола позитива, на семафорот стоеше 16-7 за избраниците на Зоран Петковски-Зенга.

3

Вториот дел го почнавме фуриозно како и првиот со наша доминација, по првите 4.минути со серија 4-1 поведовме со 20-7. Веќе тогаш се беше решено, на оваа средба единствена непознаница беше колкава ќе биде нашата разлика на крајот од мечот.

4

Од минута во минута ја зголемувавме предноста, постојано раснеше истата па по крајот на регуларните 40.минути ( во пионерска лига се игра 2х20минути) на семафорот беше 30-13 за нас. За изведување имаше уште пенал, топката ја зема крилото, Алексовски Алек кој умешно погоди за победа со 18 гола повеќе, односно со резултат 31-13.

Кај нас Симоновски Кирил постигна 5 гола, Аритонов Тадеј имаше 4, а по три гола имаа Петрушевски Андреј, Петковски Христијан, Писонеро Алесандро, Спасовски Ѓорги.