Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците го победија ФК Металург со “петарда“ и се на триумф до титула во младинската лига
Младинците го победија ФК Металург со “петарда“  и се на триумф до титула во младинската лига

Младинците го победија ФК Металург со “петарда“ и се на триумф до титула во младинската лига

Денес во скопската приградска населба марино својот дуел во младинската лига го одиграа Вардар и Металург. Избраниците на Љупчо Марковски-Калц дојдоа до нова победа со која се на чекор до титулата во младинската лига. Имаме 7 бода предност на две кола до крај со меч повеќе од А.Пандев кои денес играат дуел од ова коло доколку “кикснат“ уште вечерва ќе бидеме шампиони. Вардар во мечот со металург однесе победа со 5-0 (1-0), мечот го стартуваа: Трајчевски, Јошевски, Исмаил, Личина (К) , Додевски, Петковски, Димитровски,  Даци, Кремчевски,  Ричков и Апостоловски.

Црвено-црните тргнаа офанзивно од почетокот, во составот на младинците беше и првотимецот на ФК Вардар Петар Петковски. Токму тој ја имаше првата шанса во 4 минута кога ја погоди гредата од голот на Ивановски. Целосно доминираме на теренот во Марино активни сме и постојано атакуваме кон голот на зелено-белите. Се играше 11 минута  во соло продор беше Даци кој од десната страна умешно влезе во казнениот простор и погоди за 1-0. По голот повторно атакувавме со цел да постигнеме втор погодок, веќе во 13 минута со глава Апостоловски шутна од 15-16 метра топката мина над гредата од голот на гостите. Даци во 20 минута од дистанца над 25 метра шутна силно опасно, гостинскиот голман со крајни напоро одби топката дојде до Петковски кој со волеј се обиде, но топката мина крај левиот директ. Одличен денес Петковски кој ја покажува дека првотимските мечеви донеле дополнително искуство кај него во тој во 23 минута изнуди слободен удар над него кој подоцна го изведе. Шутна одлично на голманска страна голманот Ивановски исфрли во корнер,  Апостоловски повторно со глава се обиде од 16 метра крај голот. Петковски беше во соло продор во 27 минута од лево шутна одлично , сепак среќата не го посака и ја погоди гредата. Негде по 30 минута металурзите првпат се ослободија од притисокот и ја изнесоа топката во нашата половина сепак без некоја посебна опасност за голот на Трајчевски кој немаше многу работа во првиот дел. Ричков имаше шанса во 38 минута од 25 метри упати удар кој голманот со мака го одбрани. Кај нас покрај активниот Петковски одличен е и капитенот Личина кој одлично ја командува одбраната игра сигурно и ја расчистува секоја опасност пред нашиот казнен простор. Даци дава одличен центаршут во 43 минута од десната страна до осамениот Петковски кој беше краток за неколку саниметри . До крајот доминиравме но не успеавме да постигнеме втор гол.

m2

Вториот дел тргнавме веднаш во офанзива  со цел да погодиме вторпат денес. Даци повторно е таличен за металурзите, тој во 47 минута одлично прими една топка во казнениот простор и “егзекуцијата“ беше неминовна за гостинскиот голман Ивановски. Металург по голот се обиде да ја прфрли играта на нашата половина, но неуспешно. Тандемот во нашиот напад Даци-Петковски повторно блесна во 52 минута Даци успешно асистираше, а Петковски умешно во пад погоди по земја крај левата статива од голот на гостите за 3-0. По голот свесно ја препуштивме топката на гостите ние се позициониравме “високо“ на 30 метра од нашиот гол каде што завршуваат сите нивни обиди за нешто повеќе. Апостоловски одлично шутна од 20 метра во 63 минута  кон голот на  Ивановски Андреј кој одлично одбрани. Минута потоа капитенот Личина од слободен удар од 30 метра се обиде топката заврши над гредата. Целосно доминираме во продолжение на теренот   нашето ударно напаѓачко трио Даци, Петковски и Апостоловски се постојана закана за противниците. Јовановски во 70 минута ја имаше првата прилкика за гостите  неговиот млак удар мина крај десниот директ на Трајчевски.   Во 73 минута Калц ја прваи првата измена Јовановски Виктор го замени Кремчевски. Повторно Јовановски се закани за зелено-белите во 75 минута со удар од 25 метра што лесно го прифати нашиот голман, минута потоа двојниот стрелец Даци му го препушти местото на теренот на Тодоровски. Дојде до мала ротација на теренот Тодоровски го зазема местото во одбраната на Личина кој доби место во средниот ред. Во 78 минута конечно гол за денес активниот Апостоловски кој доби прекрасна топка од Петар Петковски и рутинирано реализираше. Во 83 минута Додевски му остапи место на Велкоски, а Салков влезе на местото на Апостоловски. Ние напаѓаме со желба да “пукнеме петарда“ денеска  и успеваме преку Петковски во 85 минута, а минута потоа му го остапи местото на  Хамзиќ .

Со овој триумф се одмаздивме за поразот на Железарница од есенскиот дел, триумф кој не донесе многу блиску до шампионската титула.