Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат составот, кој треба да избори прво европско финале за ЖРК Вардар
Познат составот, кој треба да избори прво европско финале за ЖРК Вардар

Познат составот, кој треба да избори прво европско финале за ЖРК Вардар

Денес со почеток од 17 часот и 45 минути, нашиот женски ракометен шампион го игра полуфиналниот натпревар од лигата на шампиони, против екипата на ЦСМ Букурешт. Ова е трет последователен завршен турнир за Вардарки и трета среќа за прва европска титула за клубот. Денес имаме голема шанса да излеземе како победници и да се пласираме во големото финале.

Тренескиот тандем Кастратовиќ-Дејвис за денешниот меч се реши за следниве 16 ракометарки: Лејно, Суслина, Алтхаус, Черноиваненко, Човиќ, Дамњановиќ, Дембеле. Ихнева, Хмирова, Кликовац, Лазовиќ, Лекиќ, Пенезиќ, Радичевиќ, Ристовска и Сокач.

Директен пренос од натпреварот можете да прследите на МРТ-1. Ајде, ајде Вардаре !