Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2003 со 0-4 триумфираше во гости кај Њу Старс
ФК Вардар генер.2003 со 0-4 триумфираше во гости кај Њу Старс

ФК Вардар генер.2003 со 0-4 триумфираше во гости кај Њу Старс

Вардаровата генерација родени “2003“ година дојде до триумф  во регионалната – скопска лига. Денес се одигра ново коло во кое црвено-црните гостуваа на екипата на Њу Старс. Натпреварот се одигра на теренот во Ѓорче и заврши со триумф на црвено-црните со резултат 0-4.  Горан Петревски мечот го почна со следните момци: Стојковски, Марковски, Трпезановски, Ѓорѓоски, Сељанац, Давидовски, Стојановски, Петрушевски, Мирков, Прелоговски и Андрески.

Во овој дуел дојдовме до победа во натпревар во кој во двете полувремиња бевме подобра екипа од нашиот ривал. На почетокот имавме неколку прилики кои не ги реализиравме, сепак нашата ангажираност во офанзива даде плод. Прв гол на овој дуел за наше водство од 0-1 го постигна Лео Андрески, изведовме корнер од левата страна топката стигна до него и тој погоди за наше водство. Токму со овој резултат заминавме на одмор на овој дуел.

Во вториот дел одигравме исто така ангажирано, само што во ова полувреме бевме далеку поефикасни од првиот дел. Топката ја имаше  Влатко Стојановски кој се одлучи за удар од над 20.метра, неговиот одличен шут заврши во аголот од голот на Њу Старт тоа беше удвојување на водството, односно гол за 0-2. Веднаш потоа Алек Сељанац погоди и за наша предност со три гола, тој дочека една одбиена топка откосо и ја спроведе во голот на нашиот ривал за наша предност со 3-0 на дуелот со што најавивме дека денес бодовите ќе заминат во црвено-црниот табот. Во продолжение имавме неколку прилики за ново водство. До крајот на дуелот погодивме и за 4-0, кој подоцна се покажа како конечен резултат на овој натпревар. Стрелец на овој гол беше Влатко Стојановски тоа беше втор погодок за него на денешниот натпревар во Ѓорче Петров.