Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Се знае кој владее во Скопје, Вардарци со трета победа во низа
Се знае кој владее во Скопје, Вардарци со трета победа во низа

Се знае кој владее во Скопје, Вардарци со трета победа во низа

Се знае кој владее во Скопје. Попладнево тимот на Вардар ја продолжи победничката серија во ПМФЛ, “црвено – црните” со резултат 1:0 (0:0) го победија тимот на шкупи. Со оваа победа Вардар се искачи на втората позиција на табелата.

Вардар во првиот дел створи голем број на шанси но не искористи ниту една од нив. Прв на натпреварот се обиде Муслиу со глава но одбрани Зендели. Потоа следни двајца играчи кои се заканија по голот на гостите беаФелипе и Блажевски но повторно безуспешно.До крајот на првиот дел во шанса влегоа и Џигаури, Барсегјан, Блажевски и Фелипе, но никој од нив посериозно не го загрози голот на Зендели. На полувреме се замина со резултат 0:0.

fkv-felipe-vardar-vardarfansВо вториот дел опсадата пред голот на гостите продолжи, следни кои се обидоа од редовите на Вардар беа Барсегјан и Хамбарџумјан, но и на двајцата ударите им завршија за малку крај голот на Зендели. Конечно одбраната на гостите “пукна” во 57. минута од мечот. Од левата страна Блажевски го проигра Барсегјан, кој што упати прецизен шут во долниот лев агол од голот на противникот за водство од 1:0. Во 59. минута и Стојкоски  се закани кон голот на Вардар, но Гачевски одлично интервенираше и изби во корнер за гостите. Потоа во 66. минута во игра влезе Стојчевски на местото на Џигаури. Во 77. минута во игра во Вардар влезе и Марковиќ на местото на Исени. Во 87. минута во игра влезе и Стојков на местото на стрелецот на голот Барсегјан. Со резултат 1:0 заврши овој дуел, ова беше трета победа во низа за Вардарци.