Претстојнов викенд во Нови Сад се одигра турнир во неколку различни возрасни генерации, на кој учество земаа повеќе од 90 екипи од Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Србија.
Генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година го освоија четвртото место во својата категорија. Во четврфиналето избраниците на Томче Трајановски беа подобри од екипата на Војводина, која ја совладавме со резултат од 2:1. Во полуфиналето црвен-црните се сретнаа со Адмирал, од кој бевме убедливо поразени со резултат 0:3. Тоа значеше борба за третото место на турнирот, каде игравме со тимот на Спектар. Тука доживеавме пораз од 2:4 и на тој начин завршивме на четвртото место на турниот.
Четврто место освои и генерацијата родени “2006“ година на Сашо Јанев. Тие исто така триумфираа во четврфиналето, против екипата на Шампион и тоа по изведување на удари од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1, додека во пенал серијата триумфиравме со резултат 2:0. На тој начин обезбедивме пласман во полуфиналето, каде силите ги одмеривме со One Team, меч на кој бевме поразени со резултат 0:2. Во борба за третото место, Вардар за противник го имаше Атлетико, од кој бевме поразени на пенали со резултат 3:1. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 2:2.
Известивме во претходните текстови, дека прво место генерацијата “2005“ на ФК Вардар, додека најмладите на овој турнир, генерација “2008„ се закити со сребрениот медал.