Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Европскиот првак, Вардар ниже победи во ЛШ, Загреб совладан во “Јане Сандански“
Европскиот првак, Вардар ниже победи во ЛШ, Загреб совладан во “Јане Сандански“

Европскиот првак, Вардар ниже победи во ЛШ, Загреб совладан во “Јане Сандански“

 Вечерва  во С.Ц. Јане Сандански европскиот шампион, РК Варда ја пречка екипата на Загреб. Ова беше дуел  во рамките на третото коло од ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните дојдоа до  третата последователна победа, со што  се зацврстија на првото место на табелата во групата. Ние триумфираве со 28-21(13-10).

hh3

Први со гол дуелот го отворији ППД Загреб со погодокот на екс вардарецот Добривое Марковиќ за 0-1. Ние во нападот во стартните 4.минути бевме “стерилни“, а ППД Загреб успеа да поведе со 0-3 по што Раул Гонзалес побара минута пауза. По тајм-аутот погодивме првпат во 5.минута за 1-3 преку Чупиќ Иван од пенал. Гостите во 6.минута погодуваат за 1-4 тоа беше последен нивни гол, бидејќи во наредните 10 минути неуспеаа да погодат. Штербик правеше чуда на голот 10.минути недозволи да се затресе мрежата, а ние со серија 6-0 поведовме со 7-4 преку Борозан во 16.минута. Веднаш тренерот на загребчани, Каменица побара тајм-аут. По него намалија сино-белите на 7-5, се играше гол за гол во продолжение, останавме на “плус два“ во 28.минута влеговме со резултат 11-9  на семафорот во “Јане Сандански“. Преку Марсениќ успеавме конечно да се вратиме на три плус, 12-9 на околу две минути до крајот на првиот дел на овој дуел од 3.коло во ЕХФ Лигата на Шампионите. Во однос на лошиот почеток сосема одлично резултатски го завршивме дуелот на полувреме, на одмор заминавме со “плус три“. Резултат беше 13-10, треба да напоменеме дека огромен придонес за таквото нешто имаа и 8 одбрани во првите 30.минути на Арпад Штербик.

hh4

Вториот дел го почнавме со 9-та одбрана на Арпад Штербик, тоа во напад го награди Тимур Дибиров со гол со кој првпат отидовме на “плус четири“, односно поведовме со 14-10. Во продолжение Арпад повторно блесна и во 5.минута од вториот дел со головите на Кристопанс и Чупиќ поведовме со 16-10 најавувајќи дека вечерва ќе забележиме 3/3 во оваа нова сезона од ЕХФ Лигата на шампионите. Интеересно е дека во наредните пет минути ниту еден од двата тима неуспеа да ја затресе мрежата на противничкиот голман. До средината на на вторитот дел двете екипи погодија по три пати, ние и понатака водевме “плус шест“, 19-13. Со голот на Лука Циндриќ во 20.минута првпат отидовме на “седум плус“ 21-14. Во 55.минута на резултат 24-17 во игра Гонзалес ги уфрли македонските ракометари Владо Недановски и младиот голман Ѓорѓески Даниел и Јана Војводиќ. Сите тројца веднаш дадоа придонес, двајцата играчи со голови, а младиот голман со интервенција. До крајот рутински го приведовме мечот и триумфиравме со резултат 28-21 .

Кај нас најдобари стрелеци беа Македа и Борозан со по 4 погодоци. Штербик беше феноменален цел меч тој имаше одбрани 15 удара за 54.минути игра, а во првиот дел имаше зад своето име 8 одбрани.