Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Шишкарев: Лошо почнавме, ама покажавме квалитет во продолжение
Гонзалес и Шишкарев: Лошо почнавме, ама покажавме квалитет во продолжение

Гонзалес и Шишкарев: Лошо почнавме, ама покажавме квалитет во продолжение

Вардар денес во 3.коло од Лигата на европски ракометни шампиони се сретна со ППД Загреб, во дуелот кој се одигра во С.Ц “Јане Сандански“ црвено-црните дојдоа до победа со резултат 28:21 (13:10). Ова беше третта победа во исто толку дуели за нашите момци во оваа нова сезона во шампионската лига. На прес конференцијата по дуелот присуствуваа Раул Гонзалес и руското крило Данил Шишкарев, тие пред медиумите изјавија:

Гонзалес: Најпрвин да им честитам на Загреб за одличниот меч. тие одигра добар натпревар на почетокот, а потоа откако ја консолидиравме одбраната нашиот противник се соочи со проблеми. Поддршка имавме од  нашиот голман и го кревавме нивото на играта. Мислам дека во второто полувреме бевме далеку подобри од она што го прикажавме во првите 30 минути. Загреб има одличен тренер и одлични млади играчи така што јас сум среќен што успеавме да го совладаме нашиот ривал.

Шишкарев: Тешко почнавме  во првите минути, но потоа почнавме да играме како што знаеме и дојдовме до водство кое мудро го држевме во своите раце. Ниту еднаш не го испуштивме водството, а мечот го решивме на стартот на вториот дел кога имавме добра одбрана и ги сопиравме. Многу сме задоволни што имаме три од три и одиме понатаму. Ја заслуживме оваа победа