Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа од Прилеп е противник за вардаровите екипи во 21.првенствено коло
Победа од Прилеп е противник за вардаровите екипи во 21.првенствено коло

Победа од Прилеп е противник за вардаровите екипи во 21.првенствено коло

Во петок и сабота своите натпревари од 21.коло ќе ги одиграат младинските екипи на ФК Вардар, кои за противник ја имаат Победа. Пионерските екипи во сабота гостуваат во Прилеп, додека кадетите и младинците во петок на теренот на Академијата се домаќини на Победа.

Дербито на колото ќе одигра во помладата-пионерска супер лига, во кое се среќаваат екипите кои го држат првото и второто место на табелата. Вардар има шанси со триумф да ја потврди доминацијата, која владее на последните девет натпревари во Лигата и да ја потврди шампионската титула, додека Победа ќе се обиде да стигне до позитивен резултат и да го внесе првенството во неизвесна завршница. Вардарци ќе патуваат во Прилеп со шест бодови предност пред екипата на Победа, па и нерешен резултат оди во корист на црвено-црните, иако според моменталната форма, Вардар е во предност, но и според квалитетот на тимот, црвено-црните имаат големи шанси за триумф на гостувањето во Прилеп. Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на овие екипи сезонава, откако по еден триумф им припадна на двата тима. На истиов терен каде во сабота ќе биде одигран мечот, во есенскиот дел прилепчани славеа минимално (1:0), додека во Скопје, Вардар ја наполни мрежата на прилепчани (5:0). Натпреварот во сабота стартува во терминот од 12:00 часот.

Важен натпревар и за пионерите на Вардар кои исто така го држат врвот и се борат за шампионската титула. Според изгледот на табелата и нивните одиграни меѓусебни дуели оваа сезона, пионерите на Вардар влегуваат како фаворити во мечот со Победа. Двата меча ги добивме во наша корист, првиот во Прилеп (0:1), додека вториот на теренот на Академијата, убедливо со резултат 3:0. Победа е во долниот дел на табелата со само 16 освоени бодови, додека Вардар е прв со 44 бодови. Можеме многу да профитираме и после ова коло, со оглед дека конкурентите за трофејот имаат тешки гостувања, кај екипите на Њу Старс и Работнички. Мечот во сабота ќе започне од 14:00 часот.

Кадетите ќе се обидат да ја прекинат серијата од четири натпревари без триумф, а истовремено да стигнат и до првиот сезонски триумф во дуелите со Победа. Првиот меч одигран во есенскиот дел го загубивме и тоа на домашен терен (2:3), додека во Прилеп ги поделивме бодовите играјќи со нерешени 2:2. На табелата во кадетската супер лига, Вардар се наоѓа на 6.место со 22 освоени бодови, додека Победа е едно место подолу со 16 бодови.

Младинците не би требало да имаат никаков проблем да ја продолжат победничката серија, со оглед дека за противник го имаат последно пласираниот на табелата во младинската лига. На двата претходни натпревари сезонава, вардарци постигнаа 13 голови во мрежата на прилепчани, додека не примија ниту еден, откако славеа со резултат 5:0 и 0:8. Мечевите на кадетите и младинците во петок на теренот на Академијата ќе започнат во термините од 11 и 13:00 часот.