Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 8.коло! Пионерките на Вардар играат како по “ноти“, ракометната симфонија донесе максимални 24.бода
Преглед 8.коло! Пионерките на Вардар играат како по “ноти“,  ракометната симфонија донесе максимални 24.бода

Преглед 8.коло! Пионерките на Вардар играат како по “ноти“, ракометната симфонија донесе максимални 24.бода

Пионерките на ЖРК Вардар по осум кола имаат максимални 24.бодови во лигата, што ги прави најуспешен пионерски колектив во земјава, покрај доминацијата во нашата група тие имаат подобар скор и од лидерот во другата група. Во последното коло на домашен терен во дуелот кој требаше да биде дерби му одржаа ракометна лекција на второпласираниот тим на Металург.

Девојките на Платон и Папуџиева дојдоа до победа со двојно повеќе голови од ривалот. Ние уште по првиот дел најавивме победа кога имавме седум гола повеќе (12-7), во вториот само рутински го доведовме дуелот до победа со резултат 26:13. Црвено-црните дами едноставо оваа пролет играат како по ноти. Ние нормално сме сигурен патник на Ф-4 турнирот, покрај нас од нашата група ќе иде уште еден тим. Тимовите на Металург и РК Делчево Вардар со 16.бода се претенденти на таа позиција. Ова се постигнатите резултати во Групата-1 во ова 8.коло.

* ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – ЃОРЧЕ 29:8 (10:1) 

* ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 26:13 (12;5)

*КУМАНОВО – ГРК ГОСТИВАР 29:11 (14:6)

Во другата група сигурен тим кој ќе игра на Ф-4 е екипата на ЖРК Стружанка со 24.бода, вториот патник се бара помеѓу тимовите на ЖРК Сани кој има 16.бода, и екипата на Нова Тим која има три помалку. Ова се резултатите постигнати во пионерската група-2 во 8-то првенствено коло.

*НОВА ТИМ – СТРУЖАНКА 10:18 (4:8)

*ФЕНИКС – САНИ 8:11 (4:4) 

* ВЕЛКОВА 5 – ВИНДА 23:13 (11:4)