Сигурноста и безбедноста е нешто кое не се препушта на случајноста во животот, особено денес во овој стадиум на општествениот живот кога улицата потсетува на “урбана џунгла“. Минатиот четврток ве запознавме со решението на овој модерен проблем, клубот за Реално Аикидо Вардар, детали за овој член на црвено-црното семејство може да најдете на нашиот сајт- тука.
Целта на новиот текст за нашиот вардаров колектив е да ви ја презентираме нивната врвна програма која ја имаат, во која има можност за изучување на вештини за зачувување на телесниот интегритет на девојките од опасност, на најмалите и најмилите дечиња на возраст од 4години се до 14 и нормално програма за возрасни лица. Низ оваа фото-приказна ќе се обидеме да доловиме како функционира клубот.
Ќе се обидеме детално да ве запознаеме со стручниот кадар кој стои на располагање, одличната екипираност е нешто кое го краси клубот. Вардар има обезбедено своја сала каде несметано работи, тренинзите се одржуваат во ОУ„Александар Македонски“ во скопската населба Ново Лисиче. Како тренери во клубот работат Антоан Диневски 2ри дан, главен инструктор кој веќе 8 години е професионален тренер и претходно 2 години како асистент тренер. Антонио Дамјановски 2ри дан, кој покрај реалното аикидо на вардаровите ученици им го пренесува и своето знаење од карате и Бразилско џиу џицу.
Сепак екипираноста е целосна, покрај врвните и искусни инструктори Вардар изобилува со млади, обучени и одлични кадри. Бојана Диневска 2ри дан е една од најдобрите женски мајстори по реално аикидо во Македонија, што е голема предност за дамите кои сакат да бидат дел од вардаровиот тим. Тука е и асистент тренерите Кристијан Ранковиќ 1ви дан и Андреа Диневска 1ви дан кој се истакнуваат со младите категории. Целата слика ја дополнува и можеби најмладиот мајстор по реално аикидо, Јосиф Грујовски, 1ви дан детски појас.
Она што го акцентиравме и минатиот текст е широката лепеза на програми за сите категории, особено можноста дамите да совладаат вештини кои би им донеле можост за самоодбрана. Тоа ја зголемува сигурноста на девојките и младите индивидуи во “урбаната џунгла„ во која за жал живееме во поново време. Важна е сопствената сигурност и здравје, сепак има нешто што е ниво погоре што еден човек може да посака, тоа е грижата за сигурноста на најмладите членови на неговото семејсто и дамите во домот, а клучот за тоа го имаат вардарци.
Па така покрај детската програма која може да се работи од само 4 години и која се усовршува до 14 година Вардар како сериозен клуб од оваа област ими и програмата за самоодбрана за жени, улични техники, техники во партер и напади со оружје како нож, палица, пиштол. Она што е важно сето ова лесно се совладува бидејќи како што прочитавте погоре стручната екипираност е одлична, покрај професионалните тренери има и девојки кои пренесуваат знаење и кои веќе имаат постигнато високо ниво во Реалното Аикидо, мозаикот го дополнуваат и млади инструктори за деца.
Нормално покрај децата секако најранлива категорија на улица се припадничките на понежниот пол. Па така кога они се во невоља најчест напад според одредени статисики е фат за коса за вратниот појас гушење од напред и од назад како и фатови за раце. Токму во црвено-црниот колектив дамите и децата ќе успеаат да совладаат техники за решавање на овие опасности кои ги демнат, и вештина за одбрана од ваков вид на напади со техника за избегнување на опасноста при атаци на нив.
Ви носиме неколку фотогафии од тренинзите на Реал Аикидо клубот Вардар, со цел да ви доловиме мало парче од атмосферата на нивните тренинзи. Сепак она вистинското може да го видите на лице место, тренинзите на црвено-црните се од отворен тип па доколку сакате да се запознаете со вештините може да присуствувате.
Исто така отворена е и опцијата за зачленување бидејќи сите се добре дојдени од 4 години до 77, машки и женски, луѓе кои сакаат да се заштитат, да спортуваат или сериозно да ја изучуваат оваа вештина и да непредуваат во истата. Генералиите за контакт и можноста за пристапување во Вардар ја имате на дното од текстот.
* Клубот “Вардар“ имаа иста порака како и минатиот пат: Сите наши тренинзи се од отворен тип, повелете, дојдете да се дружиме. Уписот на нови црвено- црни членови се врши на секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.