Пред одигрувањето на новото коло во регионалната-скопска лига, правиме преглед на табелата кај генерациите родени 2004 и 2005 година.
После поразот од екипата на Шкупи во минатото коло, вардаровата генерација 2004 не само што го загуби првото место, туку и падна на третата позиција на табелата. Токму Шкупи со триумфот над вардарци во минатото коло (2:1) се искачија на врвот на табелата со 34 бодови или три повеќе од Вардар кој има 31 освоен бод, додека Работнички е втор со 32 бода. Екипата од Чаир ги искористи нашите киксови во пролетниот дел од сезоната и се проби на првата позиција, додека Шкупи има серија од пет последовални победи во вториот дел од сезоната што го донесе на првото место на табелата. Вардар оваа сезона ќе има големи проблеми до крајот да ја одбрани титулата во регионалната-скопска лига. Само за потсетување минатата сезона во истово натпреварување ја завршија со 20 победи, само 1 нерешен резултат и тоа во последното коло и ниту еден пораз.
После двата нерешени резултати и поразот во првото пролетно коло во незгодна ситуација за освојување на трофејот се најде и генерацијата на Вардар родени 2005 година. По завршување на есенскиот дел од сезоната имавме покомотна предност од осум бодови, што не е случај и после одигрување на 14.коло, во кое Вардар одигра со нерешен резултат (2:2) во дуелот со Шкупи. Вардар остана лидер на табелата но со само еден бод повеќе од екипата на Кул, од која имаме и натпревар повеќе за одигрување, а со истиов противник не очекува и меч на гостински терен. Шкупи е вториот тим кој е најблиску до нас, тие имаат четири бода помалку, но и натпревар повеќе од црвено-црните. Многу е голема веројатноста и првиот шампион во регионалната-скопска лига за генерација 2005 да се решава на мечот помеѓу Кул и Вардар, црвено-црните го добија првиот дуел одигран на Академијата со резултат 4:0.
Во следното коло, натпревар ќе одигра само генерацијата 2005 против екипата на Македонија Ѓ.П, додека генерацијата 2004 е слободна.