Полека се ближи четвртфиналниот двомеч во Лигата на Шампионите за екипата на Вардар, која за противник го има Шампионот на Унарија, се работи за тимот на Пик Сегед.
Што се однесува до меѓусебните дуели на овие две екипи, досега имаат одиграно вкупно осум натпревари. Црвено-црните имаат позитивен билан од пет победи, само еден пораз, додека во два наврати мечевите завршувале со нерешен резултат. Интересно Пик Сегед последниот триумф над Вардар го има во далечната 2004 година, кога на домашен терен ја има совладано тогашната Вардар Ватростална (25:18), додека на реваншот на Кале имаме одиграно со нерешен резултат (24:24).
Останатите шест меѓусебни меча на Вардар и Пик Сегед во Лигата на Шампионите се во период од 2015-2018 година, кога во три последователни сезони се наоѓавме во иста група. Во сезоната 2015/16, Вардар издвојува две победи против унгарскиот претставник, дома славевме со резултат 27:23, додека на гостувањето во Унгарија исто така бевме подобри со резултат 29:31. Следната сезона повторно мечеви во групната фаза против Пик Сегед и повторно тесни победи, изразени со три, односно два гола разлика. Единствениот бод во последниве три години, Пик Сегед го освои минатата сезона, кога бевме дел од најсилната група, на нивни терен мечот заврши со нерешени 26:26, додека Вардар беше подобар во Јане Сандански (30:26).
Ова говори за позитивниот биланс на Вардар во мечевите со овој противник, но и за неизвесните меѓусебни дуели на екипите, што значи дека не очекуваат нови два интересни четвртфинални дуели во Лигата на Шампионите. Досега ниту еднаш се немаме сретнато во елиминациска рунда од ЛШ, влогот е голем, кој ќе помине, ќе се пласира на завршниот турнир во Келн.
Првиот меч е закажан за 25.април во Скопје со почеток од 20:00 часот, додека реваншот ќе се одигра на 5.мај со почеток од 19:00.