Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар(1) генер.2007 со 17 гола го потопи Фаст, Вардар (2) поразен минимално
ФК Вардар(1) генер.2007 со 17 гола го потопи Фаст, Вардар (2) поразен минимално

ФК Вардар(1) генер.2007 со 17 гола го потопи Фаст, Вардар (2) поразен минимално

Денес на терените на ФК Работнички во Градски парк се одиграа два дуели во генер.2007. Во едниот ФК Вардар (1) генер. “2007“ се сретна со Фаст, а во другиот ФК Вардар (2) генер. “2007“ играше со Сарај.

Во првиот дуел Вардар (2) одигра меч со Сарај, во истиот минимално загубивме 3-4. Први со погодок и покрај нашата постојана почетна офанзива го отворија играчите на Сарај, кои поведоа со 0-1. Веднаш потоа ние преку Јовановски Никола изедначивме на 1-1. Тој изведе одлично пенал шутирајќи силно по земја за изедначување. Поради наша невнимателност правиме три корни и досуден е пенал против нас. Сарај го погодува за поведува 1-2 и со тој резултат се иде на одмор.

2007a
Вториот дел го почнавме офанзивно со цел да изедначиме повторно. Истиот играч Јовановски Никола успеава да стрела пак и да изедначи овој пат на 2-2. Покрај серијата шанси неповедуваме во продолжение, Сарај користи едно невнимание наше и поведува со 2-3. Имаме нови прилики сепак не даваме гол, а нашиот противник од корна, дирекно поведува со 2-4. Сепак конечно нашата офанзива даде плод, Војо Стојановски постигнуа погодок за намалување на 3-4. По оваа шанса имаме уште 2 минути во кој постојано напаѓавме, за жал неуспеавме да изендачиме.

2007b
Во вториот дуел му одржавме фудбалска лекција на ФК Фаст, нашиот Вардар (1) го совлада овој тим со 17-2. Почнавме со два гола на Борјан Томовски за водство до 2-0. Првиот гол го постигна по само 30 секунди во соло продор , а вториот по нафрлена топка оддесно од Марко Киш. По само 5 минути игра водиме и 3-0 со голот на Мицевски Петар, потоа Фаст ја имаше првата прилика сепак Лука Јаневски беше одличен на нашиот гол, стандардно. Следи нов чин од шоуто на Борјан Томовски, тој стрела за 4-0, и 5-0 во следните минути. Добивме пенал, Стефан Младеновски умешно, по земја го претвори во гол за 6-0. Младеновски влегува во елемент и постигнува гол за 7-0, со удар од 10 метра. Фаст користи една наша грешка, и погодува гол за 7-1, одкако целата одбрана погреши. Две прилики пропуштаме првин Киш со удар кој голманот го брани, потоа Младненовски погодува со глава пречка. Марко Киш му асистира на Младеновски за нов погодок, со кој повеодовме 8-1 Во последната шанса имаме пенал, Милош Спасовски силно шутира и го погодува , тоа е гол за 9-1 по што веднаш е свирено крај на првиот дел. 20161119_132926 20161119_133743

Вториот дел почна исто со наша доминација, Младеновски од 20 метра погодува пречка. Потоа Грашески Александар стрела за 10-1. Милош Спасовски од 15 метра, упптува “бомба“ крај голот. Поведуваме и со 11-1 преку Борјан Томовски, повторно. Гостите од слободен удар намалија на 11-2. Марко Крстевски и Киш во продолжение промашуваат по две зрели прилики за зголемување на водството. Повторно стрела двапати , Борјан Томовски кој погодува за 12-2 и водство од десет плус, а потоа стрела и за 13-2. Милош Спасовски со удар од центар, го изненадува голманот на Фаст и погодува за 14-2. Докрајот се е рутина погодуваме уште три пати за победа 17-2. Стрелци на последните три гола беа, Стефан Младеновски еден, и Александар Грашевски од пенал и од игра. 20161119_130241