Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2008 одигра одличен меч, дербито со Форца заврши 2-2
ФК Вардар генер.2008 одигра одличен меч, дербито со Форца заврши 2-2

ФК Вардар генер.2008 одигра одличен меч, дербито со Форца заврши 2-2

Денес на терените на ФК Работнички во Градски Парк се одиграа мечеви од детската лига . ФК Вардар генерација “2008“  предводена од Павел неделковски во дербито кај оваа генерација се сретна со екипата на ФК  Форца (1). Во еден крајно возбудлив меч во кој двете екипи прикажаа одлична игра одиграа двете екипи реми, 2-2. Тоа беше реален резултат за еден многу темпераментен меч.

2008c 2008d

Вардаровите момчиња почнаа офанзивно со цел да поведат први, двата тима играа цврсто во почетните минути со многу меѓусебни дуели. Прв прилика имаше црвено-црниот состав преку Ненад Дамјановски која одбраната на Форца ја расчисти во последен момент. Повторно истиот играч имаше потоа прилика шутна силно со волеј, топката мина крај левиот директ. Потоа Огнен Бојковски се обиде од 10 метра топката мина крај голот. Поведуваме по соло продор на Бранковски Стефан, кој исолира и го надмудри голманот на Форца за наше водство од 1-0. Нашиот противник се обидува, забележува два удара кон нашиот гол, на кој одличен е и во двата случаи реагира одлично Лука Грчевски. Илија Митановски во продолжение се обидува да ги разигра своите соиграчи нафрла од корна и од аути постојано пред голот на противникот, сепак на одмор се отиде со 1-0 за нас.

2008b 2008e

Вториот дел почна исто така со цврста игра на двете екипи. Форца успева да изедначи по 3 минути игра по досуден пенал, по кој погодува за реми резултат, 1-1. Дамјановски Ненад има голема прилика сепак за жал погодува во стативата од слободен удар со што пропушти шанса за наше изедначување. Потоа прилика има Арти, кој неуспева да погоди и он, бидејќи голманот на Форца брани одлично. Форца ја искористува среќата и нашите промашувања, и со еден сосема случаен гол поведува со 1-2. Нашиот противник реши по ова да се брани постојано. Ние напаѓаме се редат голем број на корни и шанси кој не ги погодуваме. Сепак среќата не посака на 2 минути до крај. Дамјановски Ненад  е во соло продор, минува двајца играчи од 15 метра бие силно, под гредата. постигнувајќи евро-гол тој успева да изедначи на 2-2, што подоцна ќе се покаже како конечен резултат на овој дуел.

2008a