Попладнево во СЦ. “Kaле” се одигра предпоследниот натпревар од есенскиот дел на сезоната. Пионерите на РК Вардар, предводени од Будимир, денеска силите ги одмерија со тимот на Македонија ЃП. Нашите момци на овој натпревар славеа лесна победа издвојувана со резултат (31:9).
Натпреварот започна убедливо и лесно за Вардар. По десет минути игра Вардарци имаа предност од 7:2. Во 17 минута Вардар ја зголеми предноста и водеше со резултат 9:3. На полувреме се замина со висока предност на Вардар од седум голови разлика 11:4.
Во вториот Вардар погоди два пати во серија за 13:4. Набрзина следуваше и трет гол во вториот дел за веќе убедливи 15:4. Следуваше уште еден погодок од контра напад за 16:4 во 24 минута од мечот. Гостинот по пет минути игра во вториот дел не постигна гол. Победникот одамна беше решен во 27 минута од мечот Вардар дојде и на 20:4. Следуваа нови два гола на Вардарци за веќе 22:4. Конечно во 30 минута погоди и гостинот за намалување на 22:5. Во 34 минута резултатот гласеше 25:6. Се до крајот на мечот Вардар рутински ја доврши својата задача.