Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Седум гола во мрежата на ФК Скопје, од Вардаровата генерација “2002“ во претпоследното коло на регионалната лига
Седум гола во мрежата на ФК Скопје, од Вардаровата генерација “2002“ во претпоследното коло на регионалната лига

Седум гола во мрежата на ФК Скопје, од Вардаровата генерација “2002“ во претпоследното коло на регионалната лига

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени „2002“ година денес на теренот на академијата го одиграа претпоследното есенско коло во регионалната лига. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски славеа во дуелот со ФК Скопје.

Овој натпревар го стартувавме во следниов состав: Величковски, Костовски, Симев, Ѓурковски, Петејчук, Трајановски, Речица, Салиу, Илиевски, Игнатов, Омерагиќ.

Уште во петтата минута од мечот успеваме да поведеме со евро голот на Анатолиј Петејчук кој бие од десната страна. Голманот на ФК Скопје беше изненаден кој очекуваше нафрлена топка од нашиот играч, сепак Анатолиј ја сврте топката и ја смести во противничката мрежа за водство од 1:0. Вардарци имаа посед на топка во продолжение од мечот. Прв директен удар кон нашиот гол, но Величковски присебен ја прифаќа топката во рацете. Имавме обид и преку капитенот Дамјан Трајановски кој биеше покрај голот на Скопје. Офанзивната игра вродува со плод и нов гол во мрежата на Скопје. Стрелец на голот е Леонид Игнатов кој прими топка ја упатува во долниот лев агол за водство од 2:0. Нова одлична одбрана за Величковски, кој спречува гол во нашата мрежа и намалување на резултатот. Вардар имаше можност да го зголеми резултатот, но ударот на Харбин Речица, голманот на ФК Скопје го брани со крајни напори. Уште еден обид имаше истиов играч, кој завршува над противничкиот гол. Противникот можеѓе да намали, но не успеа да реализира од скратен корнер. Сепак црвено-црните не грешат од ова место, прецизен е Марио Илиевски кој носи водство од 3:0. Овој резултат е актуелен на полувреме.

vardarfans-pobeda

На стартот на второто полувреме, тренерот на Вардар направи неколку измени и ја освежи играта. Уште поголема доминација на црвено-црните во вториот дел, кои речиси одиграа перфектно и со константен притисок на противничката половина. Голеадата во вториот дел ја отвори Леонид Игнатов, кој во противничкиот простор доби употреблива топка, голманот на Скопје доцнеше со интервенција, а Игнатов умешно со глава ја сместува топката во голот за водство од 4:0. Марио Илиевски денес одигра одличен напревар и беше доста активен на теренот, овој играч успева да ја погоди пречата и на среќа на противникот резултатот не се зголемува. Сепак Марио успева повторно да постигне гол за водство од 5:0. Харбин Речица имаше одличен продор по десната страна уфрли топка, на неа стигна Илиевски кој од непосредна близина ја сместува во голот. Се функционираше во нашата игра, имавме одлични и прецизни проигрувања. Нова добра акција и топка до Атом Фазлиу кој ја сместува топката во противничката мрежа за веќе убедливи 6:0.

vardardans-fazliu

Шансите пред голот на Скопје се редеа речиси во секоја измината минута. Фисник Салиу по својата крилна позиција денес блескаше и беше голема опасност кон голот на противникот. Овој играч погодува пречка упатувајќи силен удар, голманот на гостите само со поглед го испрати овој удар. Нова прилика имаше Фазлиу, но голманот на Скопје овој пат успева да одбрани. Пречката од голот на Скопје ја погоди и Виктор Кртевски. Марио Илиевски стигнува до хет-трик на денешниот меч, откако погодува од скратен корнер за предност од 7:0. До крајот на мечот уште една прилика за Илиевски, на асистенција од Фазлиу, голманот спречува поголема негатива за својот тим. Конечниот резултат гласеше 7:0.

Вардар стигна до својата осма победа во сезоната и во последното коло ќе гостува на екипата на Куманово.