Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По седум години, Вардар и Победа повторно на мегдан
По седум години, Вардар и Победа повторно на мегдан

По седум години, Вардар и Победа повторно на мегдан

Денеска на програмата е третотот коло од првата македонска фудбалска лига. Нашиот шампион, тимот на Вардар, во ова трето коло гостува за прв пат сезонава и тоа против некогашниот ”лут” ривал, тимот на Победа од Прилеп. По цели седум години ”пост”, повторно се враќа големото дерби на овие два тима. Последен пат Вардар и Победа силите ѓи одмерија на 31 мај 2009 година. На таа средба во Прилеп резултатот заврши без победник, 1-1.

Победа оваа сезона се ”мачи” во првата лига. Момците на Дарко Крстевски имаат два порази од исто толку натпревари, со гол разлика од еден даден и четири примени голови. Најпрвин, тимот од Прилеп загуби со резултат 2-0 од Пелистер, а потоа и од Силекс на гости со резултат 2-1. Единствениот гол за прилепчани досега го има постигнато, некогашниот член на ”црвено – црните” Благоја Гешоски.

Интересен е податокот дека ова ќе биде прва пресметка на овие два тима, а да не е на стадионот во Скопје или Прилеп. Овој пат, натпреварот ќе биде одигран во Битола, поради реконструкцијата на стадионот во Прилеп.