Заврши и женскиот сегмент во ракомет од Олимписките игри во Рио. Големата Русија, го освои златниот медал со победата над Франција вчера. Русинките на овие Олимписки игри покажаа карактер, покажаа како се игра тимски, а пред се покажаа како се бранат боите на својата држава. Тука не треба да се заборави и нивниот тренер, “стариот лисец” Трефилов, кој е најзаслужен за освоениот златен медал од овие игри.
Русија во текот на целиот натпревар го контролираше резултатот, играше по убав и по динамичен ракомет од французинките, и заслужено на крај се радуваше на голем златен медал. По првиот дел русинките има предност од три голови, 10-7, во редовите на Франција запрени беа најдобрите две ракометарки, Лакрабер и Пино. Во вториот дел Франција успеа да се доближи на само еден негатива, но Русија повторно направи мини серија за три голови предност. На крај, резултатот заврши со 22-19 за Русија, и златен медал.
Вреди да се ”фрли око” на овие млади ракометарки на Русија, кои играат фантастично!