Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да стигнат до трите бода на првиот првенствен натпревар од новата сезона. На теренот во населбата Јане Сандански, црвено-црните за противник ја имаа екипата на Академија Пандев. Иако имавме негатива од еден гол, избраниците на Влатко Колев со резултатски пресврт успеаа на крајот да забележа триумф. Победата уште повеќе добива на “тежина“, ако се знае дека цели 55 минути игравме со играч помалку. Головите на Вардар беа дело на Трајчевски, Серафимов и Абдула Шкор. Никола Серафимов беше еден подобрите поединци на теренот имајќи забележителна улога во освојување на првите три бода.
-Најпрво морам да истакнам дека Академија Пандев е наш стар должник од минатата сезона, па затоа на натпреварот влеговме мотивирани со огромна желба за победа. Многу сум задоволен и пред се горд на мојата екипа, затоа што успеавме да се вратиме по еден несреќен примен гол уште на стартот од натпреварот.Откако се чинеше дека полека ја превземаме контролата на играта на теренот, при наше водство од 3:2 судијата покажа втор жолт картон за нашиот играч, што драстично ги смени работите на теренот.
На стартот на второто полувреме, тренерот Колев направи две замени и успешно ги затвори сите приоди кон голот на Малик Зибери. Иако имаа во голем дел од мечот играч повеќе, противникот не успеа да создаде речиси ниту една посериозна шанса за израмнувачки погодок.
-На полувреме добивме совети од нашиот тренер Влатко Колев за тоа како треба да одиграме во вториот дел со играч помалку. Нашиот стратег одлично ја постави екипата и со многу труд и желба успеавме да го запреме противникот, кој немаше ниту една посериозна прилика кон нашиот гол, дури ние бевме тие кои можеме да го зголемиме водството. Ова е многу важна победа на стартот од сезоната, каде атакуваме на пехарот во лигата и куп натпреварувањето, изјави Никола Серафимов за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски