Женската ракометна селекција на Русија е освојувач на златниот медал од олимписките игри во Рио. Тие во големото финале беа подобри од репрезентацијата на Франција. Така Русинките направија голем подвиг и најавија големо враќање на Европската сцена. Во борба за бронзениот медал, Норвешка беше подобра од селекцијата на Холандија. Три ракометарки на Вардар се закитија со медали од овие олимписки игри. Лаккрабер и Лејно се сребрени, додека Камила Херем е бронзена.
По одигрување на завршните натпревари беше познат ол-стар тимот. Во него се најде и најновото засилување на Вардар. Франуцската репрезентативка Александра Лакрабер беше прогласена за најдобар десен бек. Покрај тоа, таа заедно со Неагу од Романија ја делат втората и треттата позиција на најефикасни играчи, постигнувајќи идентични 44 голови. Неагу ова бројка на погодоци ја достигна на пет одиграни натпревари, додека Лакрабер одигра три повеќе.
Вака изгледа идеалниот женски ракометен тим на олимписките игри во Рио:
Голман: Кари Гримсо ( Норвешка)
Лево крило: Полина Кузнецоа ( Русија)
Пикер: Хејди Локе ( Норвеша)
Десно крило: Натали Хагман ( Шведска)
Лев бек: Алисон Пино ( Франција)
Среден бек: Дарја Дмитриева (Русија)
Десен бек: Александра Лакрабер ( Франција)