По втората победа вчера над Висла Плок, РК Вардар обезбеди место во финалето на „Белгазпромбанка” купот во Брест-Белорусија. Таму се сретна со домаќинот Мешков Брест. Домаќинот успеа на овој дуел да обезбеди победа 29-26, со тоа тие го повторија успехот од минатата година кога исто така го освои купот „Белгазпромбанка“.
Во првиот дел домаќините од екипата на Мешков Брест го започнаа со серија која им донесе коректна предност од четири погодоци. Ние се обидувавме да се вратиме и да фатиме резулатски приклучок до крајот на првиот дел, сепак резулатската нишалка беше помеѓу четири и пет гола предност за домаќинот. На одмор се отиде со пет негатива за нас односно со резултат 14-9. Голманите на двете страни имаа одличен првво полувреме и забележаа по 13 интервенции, од кои Милиќ скроти три казнени удари од 7 метри. Вардарци на стартот на вториот период намали на само два погодока негатива, 16-14, а добрата игра донесе по само минути игра Вардар се приближи само на гол негатива 19-18. Тогаш Мешков Брест повторно направи серија 6-1 и ја ја зголеми предноста на високи 25-19. До крај ја подобривме играта но единствено можевме само да намалиме на три погодока негатива на крајот 29-26. По крајот на турнирот се прогласуваа најдобрите на истиот, најкорисни играчи во финалето беа Николенкау и Борозан. Турнирот го завршивме со две победи и еден пораз, а досега на подготовките од пет меча имаме четири победи што посебно радува.
ВАРДАР: Штербик, Милиќ, Ангелов, Канељас 7, Душебаев 6, Борозан 5, Дибиров 2, Шишкарев 2, ,Поповски 2, Моралез 1, Ончев 1, Стоилов, Надановски.