Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар ја совладаа Победа со 2-0
Кадетите на ФК Вардар ја совладаа Победа со 2-0

Кадетите на ФК Вардар ја совладаа Победа со 2-0

Кадетите на ФК Вардар денес на теренот на Академијата дојда до нова победа во кадетската лига. Ние со резултат 2-0 (1-0) го совладавме тимот на ФК Победа од Прилеп.

Вардар овој натпревар го започна со следните 11 играчи: Китановски, Бојковски, Николов, Митревски, Ѓурковски, Манасиевски (c), Ристовски, Спировски, Игнатов, Демири и Трајановски. Играа уште: Зендели, Цури, Ангеловски, Поповски и Андоновски.

Победата беше остварена со по еден погодок во двете полувремиња. Црвено-црните доминираа во овој дуел. Ние отворивме уште во воведните минути, за 1-0 погоди Митревски Божидар. Со голот на нашиот играч со број 4  уште во таа 10.минута поведове и така и заминавме на одмор со минимално водство со еден гол.

Во вториот дел имавме повеќе од играта па водството го браневме со офанзива. Успеавме истото да го удвоиме погодувајќи за   2-0 во  79.минута. Голот го постигна Ангеловски Апостој кој влезе во вториот периот, тој стрелаше умешно во 79.минута. Со овие два гола ние триумфиравме  на оваа средбa и на тој начин ја прекинавме серијата од четири меча без триумф.