Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Нов ривал на Вардар во СЕХА е тимот од Кина, Пекинг Спорт
Официјално: Нов ривал на Вардар во СЕХА е тимот од Кина, Пекинг Спорт

Официјално: Нов ривал на Вардар во СЕХА е тимот од Кина, Пекинг Спорт

Денес доста интересна  одлука соопшти  извршниот комитет на СЕХА лигата.  На  огромно изненадување на ракометните фанови во регионот,  тие обелоденија дека од наредната сезона дел од регионалното   натпреварување ќе биде и  екипа од далечната Кина.

Од претходно беше познато  дека во наредната   сезона 2019/2020 лигата ќе биде проширена на 12 екипи, а сега и официјално се објави дека  нов член на лигата е кинескиот тим Пекинг Спорт Универзитет.  Вардарци како најтрофеен колектив влегуваат во новата сезона. Засега не е потврдено каде новиот учесник во СЕХА лигата ќе ги игра своите домашни натпревари, дали  во Пекинг или  во Европа што е далеку поверојатна  разврска на настаните.