Момците на Филип Спасески, двете екипи на ФК Вардар генерација 2006 година денес се сретнаа со тимовите на Њу Старс 1 и 2, нашите надежи на двете средби од детската лига дојдоа до победи.
ФК Вардар(1) го совлада тимот на Њу Старс-1 со високи 7-0, во меч со целосна доминација. Дуелот почна со наша доминација и голем број на нереализирани шанси. Прв се закани Михаил Николов чии удар го одбрани голманот. Потоа две прилики имаше Марко Николовски, неговите удари завршија крај гол конструкцијата. Нуман Ајетовиќ, шутна голманот одбрани, иста сцена имаше и при одличниот удар на Алтин Алији. Токму Алији успеа да отвори потоа со гол за 1-0 со удар од над 15.метра погодувајќи атрактивно. Николовски Марко се обиде сепак топката заврши крај стативата. Првиот дел не беше задоволувачки само во однос на погодоците, во однос на играта момците на Спасовски имаа доминација. Токму по сугестиите на тренерот во вториот дел видовме ‘голејада“.
Само што почна вториот период од дуелот Алтин Алији погоди за удвојување на предноста, 2-0. Веднаш потоа истиот играч имаше свои минути погодувајќи уште двапати по ред, најпрвин за 3-0 и веднаш потоа и за 4-0. Веќе беше јасно дека победата ќе биде изразена со висока предност. Марко Николовски ги намести “нишаните“, двата негови удари завршија зад грбот на противничкиот голман. Со неговите погодоци ние поведовме со 6-0. Доминиравме целосно, па создававме доста прилики, од косо се обиде Михаил Николов, голманот со крајни напори одбрани. Точка на дуелот стави Алтин Алији со гол за конечните 7-0.
Вардар (2) успеа да дојде до триумф во средбата со тимот Њу Старс-2. Дојдовме до победа со два гола предност, односно 3-1 во вториот дел откако првиот заврши со резултатска симетрија 1-1. Ние на почетокот нападнавме, сепак не успеавме да реализираме па ривалот успеа да не казни со погодок за 0-1. Тргнавме во целосна офанзива со цел да ја анулираме предноста, успеавме да изедначиме на 1-1 преку Дамјан Крстевски. Иако можевме да поведеме сепак на пауза заминавме без предност на оваа средба.
Во вториот дел фрливме се на една карта, офанзивната игра донесе предност со голот на Антони Димов. Тој успеа да ја скрши затворената формација на ривалот и погоди за 2-1. Истиот играч повторно беше таличен за противникот и погоди за 3-1, резултат со кој се заврши оваа средба. Во финишот имавме уште две изгледни прилики, најпрвин Митев Марко шутна силно, но голманот исфрли во корна. Последна прилика за гол имаше Матеј Атанасов.