Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Будимир и Станковски “газат“ кон Ф-4, падна Бутел на гостински дуел (ФОТО)
Кадетите на Будимир и Станковски “газат“ кон Ф-4, падна Бутел на гостински дуел (ФОТО)

Кадетите на Будимир и Станковски “газат“ кон Ф-4, падна Бутел на гостински дуел (ФОТО)

Кадетите на  РК Вардар го продолжуваат одот кон завршниот Ф-4 турнир во нивната конкуренција. Момците на Будимир и Станковски на денешното гостување кај секогаш незгодниот на домашен терен тим на РК Бутел  Скопје дојдоа со победа со шест гола предност, 20-26.

f-2 f2-2

Дуелот започна со предност на домаќинот во две прилики, тие поведоа со 1-0, а потоа и со 3-2 на оваа кадетска средба. Тоа беа нивните први и последни резултати со позитивен исход  за нив.  Момците на Будимир стандардно ги “кршат“ ривалите со одлична игра во одбраната, нешто на што инсистира како ракометна филозофија нивниот ментор. Покрај тоа на голот беше расположен Марко Кизиќ, следеше серија 2-7 со која ние поминавме во водство и отидовме на плус четири, 5-9. Домаќинот се обиде да се врати до крајот на првиот дел, со цел да влезе без негатив во вторите 30.минути. Ние делумно одолевме на нивните притисоци, па заминавме со два гола на пауза, 11-13.

f7-2 f6-2

Се играше борбен дуел, помеѓу два добри кадетски машки состави. Црвено-црниот успеа веднаш на почетокот  на вториот дел  да ја врати предноста од плус четири. Со серија 1-3 дојдовме на  12-16 по само 5.минути ракомет во вториот период.  Бутел вршеше притисок постојано на нашата предност, па успеа пред последната треттина од ова полувреме  да ја преполови, на семафорот стоеше 17-19 за нас. Сепак храброста се покажува кога е најтешко, во продолжение се до крајот на мечот ние го контролиравме резултат. На двата  гола на ривалот одговоривме со седум гола, па во последната минута влеговме со високи 19-26. Домаќинот успеа само да ја ублажи негативата, тие беа поразени со   20-26.

f5-2 f3-2

Кај нас одличен и двоцифрен беше голманот Марко Кизиќ, супер дуел одигра Мишевски Марио кој стрелаше осум пати, Давид Савревски погоди во шест наврата, Чакалиќ Бојан даде три гола.  Тројаца момци  постигнаа по два гола: Благој Димчевски, Андреј Пешевски и Симон Калајџиески.