Пионерите на ФК Вардар дојдоа до победа над ФК Скопје на дуел од 18.коло во Супер лигата. На денешиот дуел на кој бевме домаќини на теренот при Тренинг камп Хиподром триумфиравме со 9-1 (4-1).
Тренерот Божиноски започна со овој состав: Апостоловски Илија, Трајчевски Александар, Фидановски Зоран, Митревски Матеј, Јакимовски Лука, Спасиќ Тино, Кузмановски Михаил, Сековски Дарко, Кулуковски Влатко (К), Бундалески Максим и Цикарски Дамјан.
Тргнавме и на оваа средба офанзивно, нападнавме на самиот почеток барајќи рано водство. Веќе во 10.минута поведовме со 1-0, за нас стрелаше Сековски Дарко. Атакувавме на удвојување на предноста, веќе по 7.минути успеавме во истото, во 17.минута допката дојде до Бундалески Максим кој погоди за 2-0. Скопје успеа веднаш да ја преполови нашата предност, со удар од центарот во следната минута намали на 2-1. Имавме серија шанси за да се вратиме на два позитива удари кон голот на гостиот упатија Фидановски Зоран и Тино Спасиќ во две прилики. Се играше 32.минута во една мешаница најумешен беше и погоди за Сековски Дарко 3-1. До крајорт на овој период имавме повеќе од играта, најпрвин се заканивме со удар на Бундалески. Конечните 4-1 за првиот дел на овој пионерски скопски суперлигашки натпревар ги постави Кузмановски Михаил. Ние заминавме на пауза со комотни три гола.
Во вториот дел тренерот Божиноски Саше даде шанса на целата клупа, целиот росер доби прилика за настап. Ние имавме доминација, во овој период постигнавме дури пет гола во мрежата на ривалот. Кузмановски Михаил стрелаше за 5-1 во 52.минута, две минути потоа прилика му се укажа и на Јакимовски Лука кој зголеми на високи 6-1. Вардар доминираше, Фидановски и нововлезениот Уневски имаа прилики. На сцена стапи одличниот Спасиќ Тино кој со погодоците во 55.минута и во 85.минута зголеми на 8-1, овој играч одигра навистина инспиративно во тој период од дуелот. Точка на натпреварот стави Папазов Димитар со гол во последната, 90.минута кога ги постави конечните 9-1.
Во игра влегоа: Димовски Кирил, Ристовски Стефан, Туша Агрон, Рамани Хадис, Радевски Филип, Уневски Никола и Папазов Димитар.