Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар „врза“ две победи, Стружанка немоќна пред нашиот налет
ЖРК Вардар „врза“ две победи, Стружанка немоќна пред нашиот налет

ЖРК Вардар „врза“ две победи, Стружанка немоќна пред нашиот налет

Во рамки на 9.коло од плеј-офот, тимот на ЖРК Вардар денес беше  домаќин на екипата од Струга, тимот на Стружанка. Натпреварот кој се одигра во  Спортскиот центар „Јане Сандански“  го добија девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев со резултат 33-15 (16-07).

Двата тима тргнаа со по два гола во противничката мрежа за почетни 2-2, тоа беше последен пат ривалот да имаше поволен резултат за себе, потоа следеше наша доминација. Следуваше спектакуларна серија, ги затворивме приодите кон нашиот гол, направивме неверојатна серија која ретко се гледа во плеј-оф мечевите 13-1, со која поведовме со високи 15-3 по што се беше веќе јасно околу победникот на оваа средба. На одмор заминавме со 9.гола позитива, односно со резултат 16-07 за нас.

0-2

.
По првиот напад во вториот дел отидовме на двоцифрена предност (17-7), од тој момент до крајот на дуелот ние бевме двојно подобар тим, на секој нивни погодок враќавме со двојна мерка. Победата беше остварена со 18.гола повеќе, односно со резултат 33-15. Сите девојки добија прилика и сите покажаа квалитет на оваа средба.

00-2

.
Прв стрелец беше Трпевска со 7 гола, еден помалце имаше одличната Бојана Коцева односно 6, пет пати успешно погоди капитенот Диневска Бојана. Две девојки имаа 3ки, Николовска Марија и Миновска Сара која и покрај повредата стегна заби за настап.
Најмладата голманка, Вероника Ѓорѓиевска сопре 8 топки, Илиќ имаше 7 одбрани, а пак Трајкоска одбрани 6 шута.