Навистина ова ги премина сите граници. Одново судиска лакрдија на штета на Вардар овој пат во Гостивар, а главен виновник за тоа е главниот судија Влатко Илиоски од Прилеп.
Најпрвин беше досуден никаков пенал за домаќинот за 1:1, а потоа беше достигнат и врвот. При напад на Вардар за веројатен погодок, линискиот судија досуди офсајд, а еден противнички играч на домаќините беше неколку метри поназад, што можете да видите и на фотографијата.
Навистина жално!