Помладите пионери на ФК Вардар денес на домашен терен имаа лесна задача против тимот на ФК Ренова од Тетово. На меч на кој доминираа нашите црвено-црни момци, дојдовме до убедлива победа со резултат 6-0 (5-0).
Јанев започна со овој состав: Краљевски Максим, Николов Михаил, Ајетовиќ, Миовски Александар, Јанкоски Драган, Порчу Димитар (К), Николовски Марко, Величковски, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј и Коловски Стефан .
Тргнавме крајно офанзивно, на самиот почеток имавме повеќе од играта на оваа средба. Отворивме веќе во 8.минута со голот на Величковски Андреј кој упати удар од 20.метра за почетни 1-0. Михаел Танчев имаше потоа свој период креираше три шанси, во првите две не беше успешен. Во третиот обид успеа да ја удвои нашата предност и стрелаше за 2-0 во 20.минута. Николов Михаил доби топка на десниот агол од казнениот простор упати удар кој заврши крај стативата. Вардар имаше повеќе од играта во поле и б еше опасен кон голот на ривалот, Танчев со својот втор погодок во 33.минута донесе високи 3-0 за момците на Јанев. Две прилики за гол имаше стелецот на првиот гол, Величковски Андреј кој не ги претвори во погодок. Ајетовиќ Нуман изведе одличен слободен удар кој не донесе нова предност. Николов мајсторски се ослободи од еден чувар нафрли, со глава Величковски Андреј кој зголеми на 4-0. Танчев не застана, тргна одлично исфрли еден чувар и погоди за 5-0, резултат кој се покажа како конечен за првиот период од 45.минути на оваа средба.
Вториот дел започна со неколку измени, тренерот Саше Јанев како минуваше овој период даде шанса да настапи на целиот ростер кој беше во записникот. Две одлични шанси за црвено-црните помлади пионери имаше Николовски Марко, чии удари не донесоа нов погодок. На нашиот гол одлична интервенција имаше Краљевски Максим, кој со парада фати атрактивен удар, тој по истата му го остапи местото на Лука Јаневски. Младиот голман роден 2007 година денес имаше шанса за деби настап за помладите пионери на Вардар. Нововлезениот Анастасов Матеј успеа да стрела за 6-0 во 65.минута од оваа средба. Истиот играч , имаше неколку прилики за гол по погодокот на капитенот. Вардар го имаше решено овој дуел, сепак игравме офанзивен фудбал на половината на тетовчани и покрај убедливата разлика за нас.
Во вториот дел во игра влегоа: Јаневски Лука, Крстевски Дамјан, Анастасов Матеј, Цониќ Максим, Ѓорѓиевски Матеј, Брзаковски Ангел и Цековски Давид.