Ракометарите на Вардар се пласираа на завршниот Ф-4 турнир од Купот на Македонија, откако попладнево беа подобар тим и од РК Тиквеш со резултат 33-23 (15-14).
Вардарци добро отворија и имаа предност од 4-3 во петтата минута. Потоа следуваше добар период и игра на гостите, па така во 15. минута тимот на Тиквеш дојде до предност од 7-9. Добрата игра на кавадарчани продолжи и понатаму, па дојдоа на високи плу три, 9-12 во 22.минута. Вардар убрза, па така со добра игра на полувреме замина со предност од 15-14. Во вториот дел работите си дојдоа на свое место, па веќе во 40.минута тимот од Скопје имаше 20-17. Разликата се зголеми и понатаму, на 23-18 во 47.минута. До крајот на дуелот Вардар додаде во нова брзина, за на крајот висока победа од 33-23.
Тимур Дибиров беше најрасположен кај нашиот тим со седум погодоци, додека пак Оливие Њокас придодаде шест.
Ова беше трета победа на исто толку натпревари оваа недела за Вардар. Навистина тежок викенд имаа ,,црвено – црните”, но сепак максимално успешен.