Денеска стартуваа натпреварите во лигата за помлади пионери за црвено-црните, тие во првото коло од оваа сезона гостуваа кај тетовска ФК Ренова. Нашите момци оваа сезона ќе ги предводи Љупчо Марковски-Калц, тие денес триумфираа во Тетово со одлично второ полувреме со резултат 1-4 (0-0).
Првиот дел и покрај приликите на двете страни заврши со почетниот резултат 0-0, мрежите на Анѓелковски Александар и на нашиот Станковски Марко мируваа по првиот период. Вардаровите помлади пионери успеаа да отворат први, тие преку Мирков Антонио во 46.минута поведоа со 0-1 отворајќи го резултатот. Домаќинот успеа да искористи една од малкумината шанси во продолжение и изедначи на 1-1. Резервистата Таипи Албан погоди 51.минута за резултатска симетрија 1-1. Веќе во следната минута момците на Калц погодија за водство, во 52.минута за 1-2 стрелаше умешно Трајановски Дамјан. Веднаш потоа во 54 минута зголемивме и на 1-3 преку Мирков Антонио. Се играше по голот мирно, двата тима се обидуваа да направат нешто повеќе, но неуспеаваа. Во 69 минута повторно на сцена стапи Мирков Антонио, кој погоди за 1-4 со неговиот втор гол стави точка на овој дуел.
За нас стартуваа: Станковски, Петејчук, Асани, Костовски, Крстевски, Салиу, Трајановски, Речица, Демири, Мирков и Гугуљанов.