Кадетската женска ракометна вардарова екипа ќе игра за златен медал на турнирот Belgrade Handball Challenge во категоријата девојки 2002 година. Девојките предводени од Драгана Ристова и Билјана Пецевска денес, недела 27 август, ќе настапат во финалето кое е закажано во 15-20 часот, повторно играат против екипата на Нови Београд.
За напомена со противникот во финалниот дуел кој се игра денеска во натпреварот од групната фаза одигравме нерешено 17-17. Девојките на Вардар вчера беа подобри од екипата на Колубара и победија со 22-10. Пред тој дуел беше одиграно ремито со Нови Београд, на тој дуел ние поведовме на почетокот со 0-2. Таа предност ја чувавме до 4-6, потоа со серија 4-1 србинките го однесоа мечот на одмор со предност за нив од 8-7. Вториот дел го почнавме фуриозно со серија 0-4 со која поведовме 8-11 на почетокот. Ривалите се вратија и изедначија на на 13-13, до крајот се играше гол за гол и дуелот заврши 17-17. Прв стрелец беше Седлоска Андреа со 9 гола кај нас.