Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Оливер Дишлиевски: Постигнување на гол во еден ваков момент, кога се враќам на теренот после подолга пауза е многу значајно за мене
Оливер Дишлиевски: Постигнување на гол во еден ваков момент, кога се враќам на теренот после подолга пауза е многу значајно за мене

Оливер Дишлиевски: Постигнување на гол во еден ваков момент, кога се враќам на теренот после подолга пауза е многу значајно за мене

Убедлив старт на сезоната за младинците на фудбалскиот клуб Вардар, кои во рамките на првото првенствено коло беа подобри од екипата на Ренова. Новиот тренер на младинскиот состав, Петар Ѓорѓиевски имаше успешно деби со оваа генерација, покажувајќи дека Вардар оваа сезона ќе биде најголем претедент за освојување на титулата. Со “петарда„ во мрежата беше испратена дома Ренова, која беше целосна надиграна на вчерашниот натпревар кој се играше на теренот во населбата Јане Сандански. Хет трик постигна Бојан Колевски, додека по еден беа дело на Јахја Абдулхади и повратникот во екипата Оливер Дишлиевски, кој оваа сезона треба да биде огромно засилување за младинскиот состав, со оглед дека минатата ја пропушти во најголем дел поради повреда. Токму за нашиот сајт впечатоците од првиот триумф ги сподели охриѓанецот, Дишлевски кој доби шанса на овој натпревар.

-Вчерашниот дуел против екипа на Ренова заврши на најдобар можен начин за нас, бидејќи нема нешто подобро од тоа да се започне новата сезоната со победа и тоа вака рутински со резултат од 5:0. Мислам дека доминиравме уште од првата минута и знаевме што сакаме да овој дуел, а тоа е брзо отварање на резултатот и што повеќе погодоци во противничката мрежа.

Оливер се врати силен од повредата, која го мачеше долго време, по што мораше да направи хируршки зафат, но тоа вели дека веќе е минато и дека се сконцентрира на настапите кои следуваат во дресот на Вардар. Вчера доби шанса и ја зграби, неколку пати атакуваше на голот, погоди еднаш,

-Повредата е нешто што не го посакува ниту еден играч, но таа е сега зад мене. После операцијата на препоните и паузата од неколку месеци започнав да тренирам со полна пареа, се со цел да се подготвам што е можно подобро и поподготвен да влезам во новата сезона.

И да сакаше неможеше да има поубав почеток на сезоната за Дишлиевски, кој успеа да постигне гол, откако влезе како замена во вториот дел.

vardarfans-dislievski1-660x330

-Вчерашниот мој настап и постигнувањето на голот во еден ваков момент кога се враќам на теренот после подолга пауза е многу значајно за мене од аспект на самодовербата и сигурноста што ја носи тоа со него.

Амбициите на Вардар се секогаш на највисоко ниво, така ќе биде и оваа сезона каде младинците ќе атакуваат на двата трофеи.

-Оваа сезона како и секоја претходно очекуваме и ќе дадеме се од себе за освојување на двојната круна.

Звонко Ивановски