Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нови играчи од Вардар повикани за националните репрезентации, за претстојните квалификациски натпревари
Нови играчи од Вардар повикани за националните репрезентации, за претстојните квалификациски натпревари

Нови играчи од Вардар повикани за националните репрезентации, за претстојните квалификациски натпревари

Фудбалскиот клуб Вардар продолжува да дава репрезентативни играчи, кои во наредниот период ќе бидат дел од своите национални селекци,во рамките на квалификациите за пласман на светското првенство кое во 2018 година ќе се игра во Русија. Повик за настап во репрезентацијата на Ерменија добија двајцата единствени играчи кои доаѓаат од оваа земја, а се дел од екипата на Вардар. Се работи за Тигран Барсегјан и Ховханес Хамбарџумјан кои се наоѓаат во одлична форма, а тоа беше добра препорака за селекторот на Ерменската репрезентација да ги повика за претстојните натпревари против Романија и Данска.

Стрелецот на израмнувачкиот гол за Вардар на реваншот во Истанбул, Џамбул Џигаури исто така ќе биде дел од репрезентацијата на Грузија за мечевите против Ирска и Австрија. За Црна Гора ќе настапи и нашиот крилен играч, Дамир Којашевиќ, кој исто така доби повик од селекторот на оваа селекеција, за мечевите против Казахстан и Романија.

Селекторот на Македонија, Ангеловски од редовите на Вардар ги повика Дарко Велковски, Бобан Николов, Стефан Спировски и Висар Муслиу, додека дел од младинската селекција ќе биде Петар Петковски.