Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите одиграа реми на тешкото гостување во Тетово кај Ренова
Пионерите одиграа реми на тешкото гостување во Тетово кај Ренова

Пионерите одиграа реми на тешкото гостување во Тетово кај Ренова

Денес во Тетово се одигра првиот дуел за нашите пионери во новата сезона во пионерската Супер лига. Момците на Вардар гостуваа кај екипата на ФК Ренова. Избраниците на Тодоровски Сашо Рат-Тап одиграа реми исход со “гипсарите“ овој дуел заврши со резултат 1-1 (0-0).

За нас стартуваа: Андонов, Ѓурковски, Николов, Астарџиев, Манасиевски, Илиевски, Хасановиќ, Цури, Димоски, Спировски и Игнатов, а играа уште и: Ибиши, Апостоловски и Спировски. Како и во првиот дуел денес во Тетово првиот период заврши со почетниот резултат, 0-0. Двете екипи пробуваа да ги изненадат голманот на домаќините  Таири Мухамед и нашиот Андов Матеј кои недозволија да се “начнат“ нивните мрежи.
Вториот дел почна со измени во двата состава и на “гипсарите“ и на црвено-црните. Новите играчи донесоа промена во ритамот на натпреварот и поглема офанзива. Нашите момци успеаа да поведат први на овој дуел, ние во 64.минута успеавме да погодиме за водство со 0-1. Стрелец на голот на вардаровиот пионерски состав беше Леонид Игнатов. Сепак нашата радост траше кратко, веќе по две минути судијата Салихи Праренд покажа на белата точка за ФК Ренова. Сигурен реализатор на пеналот во 66.минута за домаќиот беше играчот со број.10 , капитенот на тетовчани Абдули Албан. По враќањето на симетријата на резултат, двете екипи сакаа, но не успеаа да постигнат гол кој ќе донесеше три бода во ова прво коло во пионерската лига. Па така тие ги поделија бодовите во овој воведен дуел за новата сезона 2017/2018 година.