Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > (ФОТО) Вардар СЦЈС вредно работеа на подготовките во Маврово
(ФОТО) Вардар СЦЈС вредно работеа на подготовките во Маврово

(ФОТО) Вардар СЦЈС вредно работеа на подготовките во Маврово

Женскиот втор тим на  Вардар кој се натпреварува во Супер лигата, во новата сезона ќе биде доста подмладен. Составот кој повторно од клупата ќе го предводи тренерскиот тандем, Симе Симовски и Александар Царчев ќе го сочинуваат ракометарки кои минатата сезона беа дел од младинските екипи на клубот. Екипата ќе биде многу поразлична од претходниве две сезони, голем дел од ракометарките кои си заминаа ќе бидат замените со младински играчи.

Ова се сите ракометарки кои во новата сезона ќе го носат дресот на Вардар СЦЈС во најсилната Супер лига: Александра Вељаноска, Ана Иванова, Ања Велкова, Арлинда Динарица, Бојана Диневска, Слободанка Кицевска, Ива Божиноска, Јована Мицевска, Леонида Гичевска, Мартина Стефановска, Моника Георгиевска, Анастасија Николовска, Ружица Атанасова, Шадие Реџеп, Сашка Филипоска, Ивона Трпевска, Ана Станиќевска и Ангела Карчева.

Од 18-ти август беа на  подготовки во Маврово, погледнете фотографии од тие подготовки.

x x0 x2 x3 x4 x5 x6 x7Фото:  Aleksandar Carchev