Младинците на фудбалскиот клуб Вардар вчера во рамките на првото првенствено коло беа подобри од екипата на Ренова. Новиот тренер на младинскиот состав, Петар Ѓорѓиевски имаше успешно деби со оваа генерација, покажувајќи дека Вардар оваа сезона ќе биде најголем претедент за освојување на титулата. Со “петарда„ во мрежата беше испратена дома Ренова.