Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир со победа до 5.место, младинците поразени во битката за бронза на “’Belgrade Handball Challenge“
Момците на Будимир со победа до 5.место, младинците поразени во битката за бронза на  “’Belgrade Handball Challenge“

Момците на Будимир со победа до 5.место, младинците поразени во битката за бронза на “’Belgrade Handball Challenge“

Денес двете машки селекции на црвено-црниот ракометен тим Вардар, играа мечеви за пласман на силниот меѓународен турнир  ’Belgrade Handball Challenge“ во главниот град на северниот сосед, Србија. Дуели за пласман играа младинците и пионерите на нашиот тим.

bvb1-480x330

Пионерите се пласираа на 5. место на турнирот Belgrade Handball Challenge, избраниците на Андријана Будимир успејаа да ја победат екипата на Војводина со 17-16. Тие претходно за овој дуел се изборија откако во средбата која беше клучен натпревар за пласман ја победија екипата на Медвешчак со 20-15. Прв стрелец на тој дуел беше Чакалиќ со 5 гола, а Жерновски, Грујовски и Калаџискии имаа по три гола.

Младинците предводени од тренерсокот дуо Грчевски и Чивлачки  на турнирот во Белград   играа за 3. место на турнирот Belgrade Handball Challenge во категоријата момчиња родени во 2000 година. Во полуфиналето тие играа против Дубрава, чија екипа беше подобра и победи со 32-24. За жал селекцијата предводена од  Чивлачки и Грчевски го освои 4. место на турнирот Belgrade Handball Challenge, момците  во малото финале за “бронза“ се соочија со екипата на Раковица и изгубија со резултат  24 – 30.