Убави вести ни доаѓаат од соседна Србија, нашите шампионки девојките кои беа лани први во пионерската лига, кадетките на ЖРК Вардар се шампиони на турнирот Belgrade Handball Challenge во категоријата девојки 2002 година. Финалето беше вистинска црвено-црна фешта, бидејќи со неверојатен резултат од 30 – 17 избраничките на Драгана Ристова и Билјана Пецевска триумфираа против врсниците од Нови Београд, освојувајќи го златниот медал.
Веќе по првиот дел се знаеше деке ние ќе бидеме тие кој ќе го дигнат пехарот и ќе имаат злато на градите. По првите 20 минути колку што се игра полувреме кај овие девојки водевме со двоцифрена разлика. На одмор се замина со наша предност 17-7. Во вториот дел само истата ја зголемивме за плус три, победувајќи со тринаесет гола позитива или со резултат 30-17. Покрај колективните награди имаме и една поединечна, нашата Андреа Седлоска е прогласена за најдобар играч на турнирот Belgrade Handball Challenge во својата генерација.