Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар со победа во дербито со Шкендија
Кадетите на ФК Вардар со победа во дербито со Шкендија

Кадетите на ФК Вардар со победа во дербито со Шкендија

Кадетите на ФК Вардар денес на домашен терен на Академијата во Градски Парк  ја совладаа  екипата од Тетово, тимот на ФК Шкендија во дербито. Момците на Филип Ивановски победија со 2-0 на овој дуел, кој го решија уште во првите 45.минути. 

СТАРТНИОТ СОСТАВ  НА ФК ВАРДАР-КАДЕТИ:

12.Јовчев Гоце
3.Давков Грегори
4.Ѓорѓиевски Филип
5.Ѓоргоски Филип
6.Трпезановски Дарко
7.Живков Славче
9.Гуџуфи Бесар
10.Стојчевски Андреј
11.Андрески Лео
16.Марковски Дамјан
18.Тасевски Петре

Ние уште во првиот дел успеавме да дојдеме до предност, која ја зачувавме во текот на целиот напревар и дојдовме до три бода. Одлично отворивме, напаѓавме и имавме повеќе од играта. Веќе во 8.минута, Ѓоргоски Филип  погоди за наша предност со 1-0. По овој гол не застанавме и успеавме да ја удвоиме предноста, топката во 19.минута дојде до   Стојчевски Андрејкој успеа да стрела за 2-0, резултат со кој се замина на одмор.

Во вторите 45.минути ние одигравме борбено, ја браневме предноста од два гола стекната во првиот дел со офанзивна игра. Тренерот, Ивановски го освежуваше составот со цел да го задржи ритамот, во игра во овој период вледоа, Саит Алек, Трајковски и Исмаиљи Сулејман.  Честитки до момците на одличната игра и освоените нови три бода во кадетската лига.