Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинци на Вардар одиграа реми на мечот против Шкендија
Младинци на Вардар одиграа реми  на мечот против Шкендија

Младинци на Вардар одиграа реми на мечот против Шкендија

Денес на домашен терен младицните на ФК Вардар ја пречекаа екипата на ФК Шкендија. На ова дерби одигравме реми со по еден гол во двете мрежи во две различни полувремиња.

Напреварот заврши  со резултатска симетрија, односно реми 1-1 (1-0). Во текот на првиот дел ние имавме иницијатива и истиот го завршивме со наша предност. Поведовме во 20.минута преку Стојановски Георг, кој стрелаше за 1-0, резултат со кој се замина на пауза на оваа средба. Во вториот дел гостинот од Тетово успеа да изедначи на 20.минути до крајот на мечот. Адеми Фитонстрелаше за 1-1, резултат кој подоцна се покажа како конечен на оваа младинска средба.

После две победи, ова беше прв нерешен резултат сезонава за младинскиот состав кој е предводен од Филип Ивановски.

СТАРТНИТЕ  11 ЗА НАШИОТ ТИМ НА ОВОЈ ДУЕЛ:

1.Стојковски Лука
2.Јовановски Дарио
4.Шабани Енес
5.Ѓурковски Александар
6.Мицевски Иван
7.Хасани Абдулах
8.Давидоски Петар
9.Стојановски Георг
10.Мирков Антонио
11.Салиу Фисник
19.Исени Ринор