ЖРК Вардар валоризираше за „киксот“ на Металург на домашен терен, вечерва со победа во Јане Сандански против солидниот тим на Деспина се „забетонира„ на сребрената позиција на табелата. Ги совладавме прилепчанки со 30:20 и ја засиливме нашата позиција на табелата веднаш зад лидерот Куманово, тим кој само со нас се нема радувано на победа сезонава.
Гостинот на почетокот поведе два пати, најпрвин 0-1 потоа и со 1-2, ние направивме пресврт во 4.минута поведувајќи со 3-2. Од тој момент до крајот на мечот, противникот не беше ниту еднаш во водство, Диневска Бојана отвори капитенски со нејзините погодоци и голот на Костовиќ Ангела поведовме. По 12-13.минути игра водевме со двојно повеќе погодоци од ривалот, на семафорот беше 6-3. Квалитетен беше тимот од Прилеп, тие покажаа дека не се за отпишување, го казни нашето опуштање, успеаа да се вратат во мечот и изедначија на 10-10. Вардарки одиграа искусно во финишот на првиот дел, со четири врзани гола и без ниту еден примен заминаа на одмор со предност од 14-10.
Нашиот налет продолжи и по почетокот на вторите 30.минути, со серија 7-0 од моментот кога беше реми до резултат 17-10 на почетокот на вториот дел. Со брзи три гола кој беа дело на крилата, Миновска и Трпевска најавивме убедлива победа. Се до крајот беше рутина, одлично ја браневме предноста со игра гол за гол, дури успеавме да придодадеме неколку гола на истата. Победивме со двоцифрена предност, односно со резултат 30:20.
Кај нас прв стрелец беше Трпевска со 8 гола, капитенот Диневска стрелаше 6 пати, средниот бек-Галевска имаше 4 гола, по три погодока има три девојки, станува збор за Миновска, потоа Попова и Ѓорѓиевска. Голманите Илиќ и Трајкoска придонесоа во победата со идентичен скор, 4 одбрани од 13 удари кон нивниот гол.